За Конгресот

Почитувани колеги,

Во име на Здружението на микробиолозите на Македонија имам чест и задоволство да ве поканам на VII Конгрес на Здружението на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество, кој ќе се одржи  во периодот од 20 – 22 Септември 2024 година во хотел Дрим- Струга.

Конгресот е посветен на сите области на микробиологијата почитувајќи го принципот Едно Здравје. На истиот ќе земат учество  меѓународни и национални експерит со цел  споделување на знаења и искуства за улогата на микробиомот, традиционалната и современа дијагностика на „старите“ и „нови“ патогени, превенцијата и терапијата на инфективните заболувања вклучително и горливиот проблем со антимикробната резистенција.

Конгресот е наменет како за микробиолозите, така  и за сите други специјалности во хуманата и ветеринарна медицина, кои во секојдневното практикување на својата дејност се тесно поврзани со микробиологијата.

Со задоволство ве очекуваме,

Проф. д-р Голубинка Бошевска
Претседател на ЗММ