Апстракти
ПОДНЕСУВАЊЕTO НА АПСТРАКТИ И ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ
Поднесувањетo на апстракти и постер презентации се врши електронски, со користење на формуларот што се наоѓа подолу на страницта.
Апстрактите треба да бидат напишани во фонтот Times New Roman со максимална големина на букви 12, единечен проред во А4 формат.
Не треба да содржи повеќе од 300 зборови, не вклучувајќи го и насловот, имиња и презимиња на авторите, институцијата од која доаѓаат и содржината на апстрактот, и максимум 5 клучни зборови.
Апстрактите треба да бидат што е можно поконцизни и да ги вклучуваат следните поднаслови:
ВОВЕД, ЦЕЛИ, МАТЕРИЈАЛ, МЕТОДИ, РЕЗУЛТАТИ и ЗАКЛУЧОК
Усните презентации може да се презентираат на мајчин јазик со времетраење од 10 мин, но слајдовите МОРА ДА БИДАТ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК.
Постер презентациите ќе се изведуваат исклучиво електронски на LCD екрани. и поради тоа презентациите треба да бидат направени како Пауер Поинт (power point) презентации, и тоа 16:9 format, со максимално до 5 слајда и ќе бидат со времетраење од 5 мин.
Апстрактите и постер презентациите, задолжително мора да бидат напишани на Македонски и на Англиски јазик.
Теми за 7ми конгрес на Здружението на микробиолози на Македонија се:
- Микробиом
- Медицинска бактериологија
– Респираторни инфекции и туберкулоза
– Гастроинтестинални инфекции
– Генитоуринарни инфекции
- Антимикробна резистенција и болнички инфекции
- Паразитски инфекции и микологија
- Вирусни инфекции
- Зоонози
- Микробиолошка безбедност на храна и вода
- Применета и еколошка микробиологија
- Слободни теми
- За сите одобрени АПСТРАКТИ и ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ, одлука ќе донесе Научниот одбор
- КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИ и ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ Е ДО 25.08.2024 ГОД.
- КРАЕН РОК ЗА ПОТВРДА НА ПРИФАТЕНИ АПСТРАКТИ и ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ: 30.08.2024 ГОД.
- Во книгата на трудови, ќе бидат печатени само оние трудови за кои има платена котизација.